Шпанија распиша потерница по Луис Рубијалес

Шпанскиот фудбал доживеа нов удар – обвинителството и полицијата од средата се во канцелариите на Фудбалскиот сојуз и во домовите на функционерите, каде ја „чешлаат“ документацијата. Логично дека ова е главна и единствена тема на медиумите на Пиринеите.

Обвинителството смета дека биле проневерени пари од договорот со Саудиска Арабија, потпишан во 2019 година. Вчера полицијата уапси седум лица.

Во тој период на чело на Фудбалскиот сојуз на Шпанија беше сега контроверзниот Луис Рубиалес, кој моментално не е во Шпанија.

Полицијата не го пронашла Рубиалес во неговиот дом во градот Мотрил, во близина на Гранада, а набрзо беше објавено дека тој се наоѓа во Доминиканската Република.

Во меѓувреме по него е распишана потерница.

На крајот може да се покаже дека Рубиалес е мозокот на целата операција на незаконско присвојување пари. Се работи за неколку милиони долари, кои Саудијците ги уплатиле на сметката на ФС Шпанија, а за возврат ја добиле организација на шпанскиот Суперкуп до 2025 година.

Да потсетиме, посредник во тој договор беше компанијата „Космос“ на чело со поранешниот репрезентативец и фудбалер на Барселона Џерар Пике.

Како посредник во преговорите „Космос“ доби огромна сума на пари, 24 милиони долари (од вкупно 240), кои, како што се сомневаат, биле поделени на поединци од врвот на ФС на Шпанија.

Рубиалес се наоѓа во Кап Кана, на 45 минути возење од главниот град на Доминиканската Република, Санта Доминго. Не му е прв пат да престојува таму, згора на тоа, последниве месеци таму развива бизниси, а како што пишува „Марка“, планира да купи куќа и трајно да се насели.

Шпанските медиуми потсетуваат дека Шпанија и Доминиканската Република потпишаа договор за екстрадиција на прогонети лица.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.