Робињо уапсен и одведен во затвор

Робињо, поранешен бразилски репрезентативец кој играше за Сантос, Реал Мадрид, Манчестер сити и Милан е уапсен во Сао Паоло и одведен во затвор каде ќе одлежи деветгодишна казна за силување девојка во Милано во 2017 година.

Злосторството се случило на 22 февруари 2017 година во ноќен клуб во Милано, кога Робињо со својот пријател Рикардо Фалко и четворица непознати мажи силувале 22-годишна девојка. Сè траело меѓу 30 и 50 минути во гардеробата на ноќниот клуб.

Робињо е уапсен во зградата во која живее во Бразил и е однесен во Федералниот суд каде што останува во притвор.

Тој беше уапсен по наредба на Вишиот суд, кој одлучи дека поранешниот фудбалер мора да одлежи девет години затвор за силувањето за кое беше осуден во Италија. Бидејќи Бразил не ги екстрадира своите граѓани, Италија побара негово затворање во неговата родна земја.

Според пресудата на италијанскиот суд, Робињо „покажал апсолутен презир кон жртвата додека таа била изложена на бројни понижувања и тешко сексуално насилство“.

Образложението на пресудата, кое подоцна беше потврдено, пред шест години го објави италијанската новинска агенција АНСА, открива серија грозоморни детали за злосторствата за кои Робињо и Фалко беа осудени на по девет години затвор, додека идентитетот на преостанатите четворица не е познат.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.