Ноер го урна рекордот на Касиљас во Лигата на шампионите

Баерн,во Минхен, го победи Арсенал со 1:0 и со вкупен резултат 3:2 се пласираше во полуфиналето на Лигата на шампионите. Возвратниот натпревар го реши голот на Џошуа Кимих во 64.минута. Баерн во полуфиналето ќе игра против Реал Мадрид.

Натпреварот на „Алијанц Арена“, го одбележа и рекордот на Мануел Ноер (38). За голманот на Баерн ова беше 58. натпревар во Лигата на шампионите на кој не примил гол, со што ја надмина легендата на Реал, Икер Касиљасс, трет на вечната листа е Италијанецот Џанлуиџи Буфон со 52 натпревари на кои не примил гол.

Ноер на тој начин стана рекордер на елитното европско клупско натпреварување.

Мануел Ноер во кариерата играше за Шалке и Баерн, а во клубот од Минхен е од 2011 година. Според податоците на „Трансфермаркт“, тој одиграл вкупно 513 натпревари за Баварците и со нив два пати ја освоил Лигата на шампионите, во 2013 и 2020 година.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.