Реал богато ќе ги награди фудбалерите доколку ја освојат ЛШ

Реал и Баерн од 21 часот во Мадрид ќе го одиграат реваншот од полуфиналето на Лигата на шампионите. Првиот натпревар во Минхен заврши 2:2. Вечерва ќе го дознаеме вториот финалист на Вембли откако синоќа место во финалето обезбеди Борусија Дортмунд која со вкупен резултат 2:0 го елиминира ПСЖ.

„Марка“, денеска ја објави сумата што секој играч на Реал Мадрид ќе ја добие од клубот како награда доколку ја освои Лигата на шампионите. Тоа е дури 1,4 милиони евра по фудбалер, што е за 500.000 евра по фудбалер повеќе отколку што за истиот успех беа наградени фудбалерите на Реал во 2022 година.

Со богата сума ќе бидат наградени и членовите на штабот, па се проценува дека Реал во случај на освојувањето на трофејот во Лигата на шампионите ќе плати издвои околу 40 милиони евра за да ги награди фудбалерите и стручниот штаб.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.