Шекил в лице му кажа на Јокиќ дека не трабаше да биде МВП

Никола Јокиќ и Шекил О’Нил имаа интересен разговор, откако српскиот кошаркар по трет пат беше прогласен за МВП на НБА.

О’Нил смета дека Шеј Гилџис-Александер требало да биде МВП и тоа в лице му го кажа на најдобриот играач на Денвер Нагетс.

„Џокер, како претседател на Здружението на центри, ти си потпретседател на Здружението. Знаеш дека те сакам, ти си најдобар играч во лигата. Сакам да ти честитам, но сакам прво да слушнеш од мене Мислам дека Шеј требаше да биде МВП.

„Благодарам, Шек. Не ги осудуваме луѓето овде, знаеш, така што е во ред. Тоа е твое мислење. Само се шегувам”, рече центарот на Денвер со насмевка.

О’Нил тогаш подвлече дека нема ништо против него.

„Те сакам, ги сакам твоите браќа. Едно нешто што секогаш ќе правиме е да бидеме искрени еден со друг. Честитки. Те сакам”.

Јокиќ му одговори:

„Не, сериозно, мислам дека има многу луѓе, многу играчи кои го заслужуваат ова. Знаете, веројатно се мали нешта и ситници. Но, зад нас е тежок период. Загубивме два натпревари дома од Минесота. Утре одиме во Минесота да се обидеме да ја вратиме серијата дома“.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.