Винисиус: Судиите се против нас

Ѕвездата на бразилската репрезентација Винисиус Жуниор се појави во нови контроверзни изјави за медиумите откако го совлада Парагвај со 4-1 во второто коло од групната фаза на Копа Америка.

 

Винисиус рече: „Тешко е да се игра на овие терени и со судиите секогаш против тебе. Начинот на кој КОНМЕБОЛ се однесува со нас е секогаш многу комплициран“.

 

Тој додаде: „Никогаш не играм за себе, секогаш играм за мојот тим, а кога играм за Бразил играм за мојата земја, секогаш се трудам да ги правам најдобрите работи, денес одиграв добар натпревар но знам дека тоа не е можно секогаш“.

 

Тој заклучи: „Можам да направам се што е во моја моќ за да и помогнам на бразилската репрезентација, да му помогнам на овој тим кој работи напорно секој ден за да може да го стави Бразил на позицијата што ја заслужува. Ќе останеме цврсти за да ја достигнеме оваа цел и првиот чекор е да ја освоиме титулата на Копа Америка“.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.