Македонската делегација продефилира на свеченото отворање на ЛОИ

Македонската делегација синоќа продефилира на свеченото отврање на Летните олиписки игри во Париз. Француската престолнина по 100 години повторно го организира најголемиот спортски настан.

Македонија во Париз ќе настапи со шест спортисти: Никола Ѓуретановиќ (пливање, 400 метри слободно), Анастасија Мојсовска (спортско стрелаштво, 10 метри воздушна пушка), Дарио Ивановски (атлетика, маратон), Владимир Егоров (борење до 57 килограми, слободен стил), Еди Шерифовски (џудо) Милијана Рељиќ (таеквондо).

Знамето на отворањето го носеа Милијана Рељиќ и Дарио Ивановски.

Македонската делегација на бродот беше заедно со делегациите на Луксембург и Мадагаскар.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.