Сампдорија го отпушти Пирло

Андреа Пирло повеќе не е тренер на Сампдорија. По само три натпревари во новата сезона и освоен само еден бод, Самдорија реши да ја прекине соработката со Пирло.

 

Поразот од Салернитана минатиот викенд ја реши судбината на тренерот.

 

Одлуката на клубот е да го замени Пирло со Андреа Сотил, кој пред само еден месец поднесе оставка како тренер на Салернитана.

 

Пирло минатата година успеа да влезе во плеј-офот за пласман во Серија А, но не успеа да го врати клубот во елитната италијанска дивизија.

 

Во својата тренерска кариера, која започна во 2011 година, Сотил само во Асколи се задржа повеќе од една сезона.

 

Тој ги водеше Сиракуза (двапати), Губио, Кунео, Паганезе, Ливорно во три различни кратки мандати, потоа Катанија, Пескара, Асколи, Удинезе и Салернитана во два мандати.

 

Слична е и раната фаза во кариерата на Пирло, тој започна во младинскиот тим на Јувентус, потоа го презеде првиот тим, се пресели во Турција во Карагумрук, а минатото лето ја презеде. Секаде работеше по една сезона.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.