По втор пат во Општина Илинден меѓународен фудбалски турнир ,,Илинден куп 2024“

И оваа година Општина Илинден е домаќин на меѓународниот фудбалски турнир ,Илинден куп 2024“, така што од денес до недела Општина Илинден ќе пулсира во духот на спортот.

На спортските терени во Марино и Кадино се одржуваат фудбалските натпревари во рамки на меѓународниот фудбалски турнир ,Илинден куп 2024“. На турнирот учествуваат околу 160 европски, балкански и македонски клубови со околу 2000 учесници деца на возраст од 8 до 12 години.

,Илинден куп 2024“ денеска на фудбалскиот терен во Марино го отвори покровителот, градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски. Тој пред голем број присутни љубители на фудбалот го прогласи турнирот за отворен, на гостите им посака топло добредојде, а на играчите им посака убава спортска игра.

Градоначалникот се заблагодари и на организаторот на турнирот Фудбалската школа „Гроздановски“ за одличната организација и порача во иднина да се одржуваат што повеќе вакви спортски настани, а Општина Илинден секогаш ќе ја дава нејзината поддршка.

На терените во Марино и Кадино се очекува овие три дена публиката да проследи интересни фудбалски натпревари, а прогласувањето на најдобрите ќе биде в недела, кога ѝ градоначалникот Георгиевски ќе ги додели наградите и пехарите.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.