Динамо го отпушти тренерот Јакировиќ

Сергеј Јакировиќ (47) повеќе не е тренер на Динамо Загреб, објавија хрватските медиуми. Тренерот доби отказ поради серијата лоши резултати која започна со ремито во Риека (1:1), а продолжи со поразот од Хајдук на домашен терен (0:1), а кулминираше во Минхен со историскиот пораз од Баерн во Лигата на шампионите. (9:2).

 

Јакировиќ на клупата на Динамо остана нешто помалку од 13 месеци. Тој на „Максимир“ пристигна на почетокот на минатата сезона во контроверзен трансфер, кога ненадејно ја напушти Риека, кога доби понуда од Динамо.

 

Динамо успешно го предводеше до двојната круна, а летово успешно мина низ квалификациите за пласман во главната фаза во Лигата на шампионите.

 

Претходно ги водеше Сесвете, Горица, Марибор и Зрињски.

 

Досега како потенцијални замени се споменуваа поранешниот тренер на Динамо Ненад Бјелица и до неодамна тренер на Риека Жељко Шопиќ кои моментално се без работа. Се шпекулираше и со името на поранешниот селектор на Хрватска, Нико Ковач, но според хрватските медиуми тврдат дека тој нема да го преземе Динамо.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.