Јамал прв фаворит за наградата Голден бој

Традиционалниот избор на Тутоспорт за најдобар млад играч во светот за 2024 година, наградата е наречена Голден бој влегува во самата завршница. Италијанскиот весник објави список од 20 финалисти. Прв фаворит според многумина е Ламин Јамал, европски првак со Шпанија.

 

Во гласањето ќе учествуваат 50 фудбалски фудбалски стручњаци и секој ќе може да гласа за пет играчи според системот: 10 бода за прво место, седум за второ, пет за трето, три за четврто, еден бод за петто место.

 

Победникот ќе биде прогласен на церемонија која ќе се организира во Торино на 16 декември…

 

Да потсетиме, претходниот добитник беше Џуд Белингем, додека две години пред него оваа награда ја добија фудбалерите на Барселона Гави и Педри. Доколку Јамал биде прогласен за најдобар за 2024 година, тој ќе биде петтиот Шпанец, односно четвртиот играч на Барса со оваа престижна награда.

 

Пред Гави и Педри, победници беа Сеск Фабрегас во 2006 година и Иско во 2012 година.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.