Раул Гонзалес преговара со Ракометниот сојуз на Србија
- Детали
- Категорија: Спорт
- Создадено: 11 Ноември 2024
Ракометната репрезентација на Србија, синоќа загуби во Италија 31:30, во второто коло, во квалификациите за пласман на Европското првенство. Поразот, во ситуација кога во последните две минути Србите не постигнаа гол, а примија три и го загубија натпреварот, повотрно ја отвори темата за смена на селекторот Борис Ројевиќ.
И пред назначувањето на тренерот на Војводина за селектор, се шпекулираше дека Србија ќе ја предводи поранешниот тренер на Вардар, Раул Гонзалес.
Европскиот првак со црвено-црните во 2017 година, викендов бил во Белград на преговори со челниците на Ракометниот сојуз на Србија. Планот на Србите, според „Моцартспорт“ е да го убедат Раул да биде само селектор на репрезентацијата. Инаку, Раул Гонзалес е тренер на ПСЖ, со кого има договор до јуни 2025 година.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс