Бостон поведе со 1-0 во победи против Кливленд во финалето на Источната конференција

НБА

Бостон поведе со 1-0 во победи против Кливленд во финалето на Источната конференција. Селтикси пред домашна публика славеа убедлива победа од 108-83.

 

Во домашниот состав имаше неколку поединци од младиот табор кои и без првата ѕвезда Ирвинг извојуваат голема победа. Маркус Морис одигра феноменална одбрана против Леброн Џејмс. Морис постигна 21 поени и 10 скока. Џејлен Браун беше најефикасен кај Селтикси, со 23 поени и 8 скока. Леврон Џејмс застана на 15 коша, а Кевин Лав даде 17. Разочара Џеј Ар Смит, кој погоди само 4 коша.

 

Вториот меч од источното финале се игра в среда, а домаќин повторно ќе биде Бостон. Вечерва во 03 часот по полноќ се игра првиот натпревар и од западното финале помеѓу Хјустон и Голден Стејт. 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.