СП 2018: 120 илјади билети дополнително дистрибуирани во првите часови на продажбата

СП 2018

Неколку часа откако дополнителната квота на билетите за Светското првенство беше достапна на веб-страницата на ФИФА, 120.000 билети веќе беа дистрибуирани до навивачите, објави прес-службата на организацијата.

 

Во моментов, само ограничен број на билети остануваат достапни за купување на сајтот.

 

Од почетокот на продажбата во септември 2017 година, навивачите од целиот свет веќе имаат купено повеќе од 2,5 милиони билети. Продажбата на сајтот ќе трае до 15 јули.

 

Поради фактот што одредени билети редовно се препродаваат преку посебна платформа на веб-страницата на ФИФА, билети кои се недостапни во одредена зона може подоцна да бидат достапни за повторно купување.

 

Специјална платформа за пренос и препродажба на билети исто така е достапна на сајтот. Тоа ќе им овозможи на навивачите во согласност со постоечките правила да ги променат податоците за гостите, како и да препродаваат билети во случај на промена на плановите.

 

Извор: МИА





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.