All for Joomla All for Webmasters

6,1 милијарди долари за ФИФА од претстојниот мундијал

ФИФА

Одржувањето на Светското првенство во 2018 година ќе и донесе на ФИФА 6,1 милијарди долари, што е за 10 отсто повеќе од предвиденото.


Исто така, оваа сума изнесува 1,3 милијарди повеќе отколку што се заработи на Светското првенство 2014, објави „Њујорк тајмс“.


Приходите од продажба на права на емитување се зголемени за два проценти.


Исто така, Светската фудбалска федерација ќе добие 200 милиони долари повеќе од очекуваното со спонзорски договори. Ова стана можно поради проширувањето на соработката со кинеските компании. Седум од 20 компании кои го спонзорираат турнирот ја претставуваат Кина. Во 2014 година, имаше само една компанија од Кина. 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© 2017 MTM ТВ Дооел - Скопје. Изработка и хостинг: Делта Софт ЛТД - Гевгелија. Сите права се заштитени.