Лeнгле и официјално е нов член на Барселона

Францускиот фудбалер Клемeн Лeнгле премина од Севиља во Барселона за 35,9 милиони евра, потврди каталонскиот клуб на својата интернет страница.

Барселона ја активираше откупната клаузула за 23-годишниот фудбалер и потпиша со него договор до 2023 година.

Воедно каталонскиот фудбалски гигант ја зголеми неговата откупна клаузула за дури 300 милиони евра.

Лангле настапи само една сезона за Севиља, но поради одличната игра веднаш обезбеди трансфер во Барселона. 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.