Џошуа го нокаутира Поветкин (видео)

Британецот Ентони Џошуа го победи рускиот боксер Александар Поветкин синоќа во Лондон на „Вембли“ со нокаут во седмата рунда.

 

Британецот ги одбрани титулите во верзиите на ВБА, ВБО, ИБФ и ИБО.

 

-Имав многу тежок противник, тој тоа го докажа со добри удари. Можеби пред неколку години не би ја добил оваа борба.

 

Победата е заслуга на мојот тим и на луѓето кои помагаат во кампот за трнинзи, изјави Џошуа.

 

За 28-годишниот Британец ова беше 22. победа на исто толку борби во својата професионална кариера.

 

Поветкин го претрпе вториот пораз во 37-от меч.

 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.