И меѓу фудбалерите има актери (видео)

Фудбалерот на Феенорд, Стивен Бергес се најде во комична ситуација на вчерашниот натпревар со Утрехт во холандското првенство.

 

Дека Бергес може да биде и добар актер покажа при еден допир од противнички играч. Домашниот фудбалер падна на тревникот како да добил силен удар.

 

Комичната ситуација беше снимена од камерите и се најде на социјалните мрежи.

 

Судијата не реагираше на обидот на 26-годишниот Бергес да изнуди санкција за противничкиот фудбалер.

 

Феенорд го доби натпреварот со 1:0.

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.