Лев нема да „преживее" ако Германија загуби од Франција

Селекторот на германската фудбалска репрезентација, Јоаким Лев ќе биде отпуштен при евентуален тежок пораз на Бундестимот при денешното гостување кај светскиот шампион Франција во Лигата на нациите, тврди „Билд“.

Германија во саботата загуби со 0:3 од Холандија во Амстердам во претходноот коло на Лигата на нациите, па, па според весникот, втор таков пораз ќе го чини 58-годишниот селектор неговото работно место.

Со минимален пораз во Париз вечерва, Лев ќе ја задржи својата работа, но тој веќе нема да има право да прави грешки.

Лев селектор на Германија од летото 2006 година, а под негово водство репрезентацијата ја освои светската титула во 2014 година во Бразил. 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.