Франција со подарок пенал ја совлада Германија (видео)

Актуелниот светски фудбалски шампион Франција ја победи Германија со 2:1 синоќа во Париз на дербито од колото во Лигата на нации.

 

Двоен стрелец за „триколорите“ беше Антоан Гризман во 62 и 80 минута од непостоечки пенал кој судијата Мажиќ од Србија им го „подари“ на домаќините.

 

Стрелец на голот за Германците беше Тони Крос од пенал во 14.минута.

 

Табела во првата група А-лига од Лигата на нации: Франција 7 бода (три натпревари), Холандија 3 (два натпревара), Германија 1 бод (три натпревари).

 

 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.