АБА2-лига: МЗТ убедлив на гостувањето кај Ловќен

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром остварија победа од 67-85 (35-38) на гостувањето кај Ловќен вечерва, во меч од 15. коло од АБА2-лигата.

 

„Металците" остварија важна победа над директниот конкурент за едно од првите две места на табелата, кои носат привилегија на домашен терен во полуфиналето од плејофот.

 

Аеродромци максимално заслужено дојдоа до бодовите, со оглед што ја имаа контролата врз играта и резултатот во текот на целиот дуел.

 

Клучна беше серијата од 22-6 во третиот период, по која екипата од Аеродром поведе со +17 (43-60), кои потоа ги оддржуваа до крајот. Бојиќ со 24 поени беше најпрецизен кај МЗТ, Вудард пак се истакна со 18 поени.

 

Кај Ловќен најдобар беше Поповиќ со 17 кошеви. По победата, тимот на Ѓорѓи Кочов се наоѓа на второто место на табелата со 10 победи и 5 порази, додека на чело е Приморска со 13 победи и само еден пораз.

 

Следниот меч за македонскиот тим е против босански Зрињски, кој другата сред ќе гостува во СЦ „Јане Сандански".





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.