Се топи предноста на Борусија Дортмунд во однос на Баерн

Лидерот на табелата во Бундеслигата, Борусија Дортмунд, иако важеше за апсолутен фаворит, не успеа да слави победа над Нирнберг.

 

„Милионерите" синоќа на гостувањето кај последно пласираниот тим во Германскиот фудбалски шампионат одиграа само 0:0 и сега нивната предност пред бранителот на трофејот Баерн Минхен изнесува само три бода.

 

За Борусија ова беше трето реми по ред. Претходно нерешено одиграа со Хофенхајм (3:3) на домашен терен и со Ајнтрахт Франкфурт (1:1) на гости.

 

Шанса да ја прекинат серијата без победа, фудбалерите на Борусија Дортмунд ќе имаат в недела кога го пречекуваат Баер Леверкузен.

 

Табела по 22.кола во Бундеслигата:

Борусија Дортмунд 51 бод,

Баерн Минхен 48,

Борусија Менхенгладбах 43,

Лајпциг 41,

Баер Леверкузен 36,…





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.