Фулам може да го отпушти Раниери

Тренерот на Фулам, Клаудио Раниери во блиска иднина може да биде разрешен од своето работно место, објави „АС".

 

Менаџментот на тимот е незадоволен што италијанскиот специјалист не успеа да ја подобри позицијата на Фулам по трите месеци работа со тимот..

 

Потенцијална замена за Раниери е поранешниот предводник на Бетис и Ла Коруља, Виктор Санчез дел Амо. Раниери дојде во Фулам во ноември минатата година.

 

Под негово водство тимот има 14 натпревари на кои оствари само три победи. Лондонскиот клуб е на 19. место во Премиер лигата со 17 бода.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.