Зидан: Во Реал има многу играчи, кои можат да донесат пари

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, одби да ги коментира трансфер плановите на „кралскиот" клуб.

 

Тука има многу играчи, кои можат да донесат пари. Секој е многу добар и има голем интерес за нив, рече Зизу, на прашањето дали „белитре" треба да го продадат Иско, откако тој е меѓу најскапите на пазарот.

 

Во врска со ситуацијата со Герет Бејл, францускиот стратег рече дека се потпира на Велшанецот.

 

– Останаа седум мечевии. Ќе има промени. Се потпирам на Герет, вели стратегот.

 

Зидан ги откри причините поради кои Тони Крос го пропушти денешниот тренинг.

 

– Тој има проблеми со стомакот. Тој имаше тешка ноќ и затоа не тренираше денес. До утре, ќе видиме дали тој ќе биде во ред, откри Французинот.

Во однос на Карим Бензема, според него тој е „компатибилен со сите".

 

– Добрите играчи знаат како да играат заедно. Карим е поинаков. Тој прави многу работи, тој постигнува голови како „деветка" и ја организира играта како „десетка", рече менторот на „Лос Меренгес".

 

Реал Мадрид гостува на Леганес утре од 21 часот.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.