Шекил ги именуваше Леброн Џејмс, Кевин Дурант и Кавај Ленард за најдобри кошаркари во денешницата

Прославениот НБА кошаркар и член на „Куќата на славните" Шекил О’Нил кажа кои се тројцата најдобри играчи во НБА-лигата.

 

– Според Шек, Леброн Џејмс, Кевин Дурант и Кавај Ленард се кошаркарите кои се најистакнати во денешницата од НБА лигата.

 

– Каваи Ленард ја игра вистинската улога. Кога судиите ќе свират против него, нема да покаже незадоволство, едноставно ќе игра. Тој е мешавина од стара и нова школа. Можеби тој е меѓу првите тројца во лигата, каде што Леброн е рангиран на прво место, а Дурант е најблиску до второто место.

 

Ленард беше прогласен за МВП во НБА финалето, каде што неговиот Торонто го победи Голден стејт и за првпат во историјата стана шампион.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.