Темелковски организираше прием за Ацевска и нејзиниот селектор

Градоначалникот на Кисле Вода, Филип Темелковски денеска во просториите на општината Кисела Вода оствари средба со Катерина Ацевска, победничка на Светскиот куп во џиу џица и со нејзиниот тренер Александар Ацевски.

 

На Светскиот куп одржан во Букурешт, Романија македонската џиу џица репрезентација, претставувана од Катерина Ацевска од Кисела Вода, во категорија жени У16, +63кг освои златен медал. Ацевска златото го освои со победа над натпреварувачката на Грција со голема резултатска разлика од 16-5.

 

 

– Во  нејзината категорија Катерина Ацевска златото го освои во јака конкуренција од натпреварувачки, три од Грција, две од Русија, и по една од Украина и Романија. Со  четири убедливи победи дојдовме до овој голем успех. Украина ја победивме со резултат 11-4, а  Русија со 20-14 и на финалниот натпревар со резултат 16-5 ја победивме Грција. Сакам да нагласам дека Русија и Грција се на врвот во Светското џиу-џицу. Покрај ова, на купот трето место освоивме со Нина Ташкова од Штип, а во конкуренција од 15 борци петто место освои нашиот натпреварувач Зоран Колевски од Скопје. На Светскиот куп 1330 борци од 28 држави се бореа на 7 борилишта, изјави селекторот Александар Ацевски.

 

Катерина Ацевска досега има освоено многу златни медали на домашни и меѓународни турнири. Таа активно тренира во клубот за џиу – џицу ,,Дан – Кју”, во фискултурната сала на ,,ООУ “Невена Георгиева Дуња“ во Кисела Вода.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.