Конте за расизмот: Италија стана многу полоша во последните три години

Тренерот на Интер, Антонио Конте, пред дерби натпреварот со градскиот ривал Милан, го спореди проблемот со расизмот во Англија и Италија.

 

– Расизмот е многу сериозен проблем во Италија. Во текот на изминатите три години, Италија стана многу полоша. Целата оваа ситуација може да ја научи следната генерација да мрази и да се занимава со насилство. Работев во Англија, така што таму, дури и за обидот да направам расистички навреди, можат да ме стават во затвор. Во Италија навивачите одат на стадион единствено заради навреда. Би било убаво да се видат навивачите да присуствуваат на игри за да го поддржат својот тим. Децата треба да ги научат вистинските работи, а не да гледаат непријателска атмосфера, вели Конте во изјава за „Спорт Италија“.

 

Натпреварот од 4. коло на италијанскиот шампионат Милан – Интер е закажан за вечерва во 20:45 часот.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.