Потегот на вечерта во НБА е за Леброн Џејмс
- Детали
- Категорија: Спорт
- Создадено: 23 Октомври 2019
Леброн Џејмс го има најдобриот потег на првата вечер во новата сезона на НБА лигата.
Тоа е информацијата која стои на официјалниот YouTube канал на најсилната светска кошаркарска лига.
Во поразот на Лејкерси од градскиот ривал Клиперс, леброн имаше учинок од 18 поени, 9 скока и 8 асистенции. Сепак дури два негови потези се најдоа во топ 5 листата.
На втората позиција е рампата која му ја „удри“ на Ландри Шамет, а на првата позиција се најде брзата транзиција и забивањето во обрачот.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс