Виртуелно одржана Трката околу Фландрија

Познатата велосипедска трка околу Фландрија одржана е виртуелно. Трката е одложена поради коронавирусот, а 12 велосипедисти „возеа“ во изолација на собни велосипеди поврзани со видео-игра.

Со виртуелни гледачи со знамиња во рацете трката е пренесувана во живо на белгиската телевизија со коментар и надополнета со снимки што ги објавувале велосипедистите од своите домови.

„Кога слушнав за оваа идеја мислев дека се работи за шега“, рекол Зденек Стибар професионален велосипедист од Чешка во интервјуто пред трката.

Наместо вообичаените 260 километри „трката“ била долга 32 километри, а наместо 175 велосипедисти учествувале 12. Победи Белгиецот Грег Ван Амермет

Според најновите податоци во Белгија со коронавирусот се заразени речиси 20.000 луѓе, починале 1.447 лица.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.