Јанески и Љама го напуштија карантинот, негативни се на Ковид-19

Нашите сениорски репрезентативци Гоце Јанески и Јасин Љама од денеска се во задолжителна домашна самоизолација, периодот на 14- дневен карантин заврши, по испитувањата потврдено е дека и двајцата се негативни на Ковид-19.

Јанески и Љама на почетокот од март настапија на олимпискиот квалификациски турнир во Лондон, по само два дена од почетокот на натпреварите, турнирот беше прекинат од страна на организаторите поради пандемијата од коронавирусот.

Репрезентативците Јанески и Љама поради проблемот со затворените аеродроми на 29 март се вратија во Скопје, голема помош боксерската федерација на Македонија имаше од нашите Амбасади во Лондон и Софија како и од Генералниот секретар на Владата на Македонија, Д-р Драги Рашковски.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.