Прв пат во 124 години маратонот во Бостон

Еден од најпознатите маратони во светот, Бостон маратон, нема да се трча оваа година. Поради коронавирусот трката која требаше да се одржи во април најпрвин беше одложена за септември, а сега дефинитивно е откажана. Ова значи дека прв пат во 124 годишната историја маратонот во Бостон нема да се одржи.

Организаторите на маратонот објавија дека наместо трка ќе има „виртуелен настан“, а сите кои ќе потврдат дека истрчале 42 километри ќе добијат медал.

„Бидејќи во септември нема да можеме да го донесеме светот во Бостон, планираме на светот да му го донесеме Бостон за историскиот 124 маратон“, рекол извршниот директор на маратонот Том Грилк.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.