Несторовски: Мојот гол и победата му ги посветувам на Роландо
- Детали
- Категорија: Спорт
- Создадено: 03 Јули 2020
Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски голот кој го постигна синоќа против Рома на „Олимпико“ во победата на Удинезе 2:0 му го посвети на соиграчот Роландо Мондрагора.
Италијанскиот репрезентативец на 23 јуни против Торино ги скина лигаментите во коленото поради што го очекува подолга пауза.
„Заслуживме три бода, среќни сме што победивме во Рим. Голот му го посветувам на Роландо. Минува низ тежок период, но сепак успеа да собере сила и да дојде со нас во Рим да не поддржи. победа е за него“, рекол Несторовски.
Голот против Рома е втор за Несторовски сезонава во дресот на Удинезе, прв по 24 ноември 2019 година кога беше стрелец во поразот од Самдорија.
Удинезе во Рим ја прекина лошата серија од пет натпревари без победа.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс