Сосиедад го победи Виљареал, Севиља оди во ЛШ

Фудбалерите на Реал Сосиедад им го уништија сонот на колегите од Виљареал дека ќе можат да дојдат до четвртото место на табелата, кое обезбедува место во Лигата на шампионите.

Вечерва во 36 коло Сосиедад славеше во Виљареа 2:1. На стадионот во Виљареал, Реал Сосиедад до победата дојде со головите на Вилијан Жозе во 61 и Љоренте во 75 минута. Ветеранот Санти Казорла во 81 минута го постигна голот за „жолтата подморница“.

Оваа победа на екипата од Сан Себастијан, на две кола до крајот на сезоната и обезбеди место во Лигата на шампионите на Севилја. Во елитата од Шпанија наредната сезона ќе играат и Реал, Барселона и Атлетико.

Во последните две кола ќе се води голема борба за пласман во Лига Европа. Виљареал се на петтото место со 57 бода, три помалку имаат Хетафе и Реал Сосеидад, а на осмото место е Атлетик Билбао со 51 бод.

Во вториот натпревар вечерва Алавес и Хетафе одиграа 0:0. Алевас кој се бори за опстанок во лигата го освои првиот бод по серијата од пет порази. На табелата Алавес има четири бода повеќе од Леганес.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.