Гвардиола: Вака нема да го поминеме Реал Мадрид!

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола очекувано не беше задоволен од играта на своите играчи на синоќешниот меч во ФА купот против Арсенал.

„Не морам ништо да им кажам на момците, знаат дека не беше добро. Знаеме кој е стандардот на кој мора да сме, пред се во завршната фаза. Можеби од овој пораз нешто научивме. Не треба да се биде гениј за да се разбере дека против Реал мораме да играме подобро за да оствариме премин во наредна фаза. Не ми е жал кога ќе загубиме, жал ми е кога не играме како што треба“ – вели Пеп Гвардиола.

Наредниот меч во Премиерлигата „граѓаните“ ќе го играат во вторник, нагости кај Вотфорд, додека реванш мечот од ЛШ против Реал на програмата е на 7 август.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.