Де Хеа го елиминираше Јунајтед од ФА купот

Давид Де Хеа (29) е главниот виновник за елиминацијата на Манчестер Јунајтед од Челси во полу-финалето на ФА купот. Вчера на „Вембли“ Челси победија со 3:1. Де Хеа катастрофално реагираше кај првите два гола.

Првиот гол за Челси го постигна Оливие Жиру длабоко во судиското надополнување на времето во првото полувреме, а вториот гол го постигна Мејсон Маунт на почетокот на второто полувреме.

Стручните консултанти на „Скај Спорт“, поранешните големи ѕвезди на премиер лигата Алан Ширер и Гери Невил жестоко го критикуваат голманот на Манчестер Јунајтед.

„Доколку голманот направи една или две грешки тогаш треба да го оставите да брани, но на Де Хеа ова често му се случува. Мислам дека треба да го вратат Дин Хендерсон во Јунајтед, тој треба да биде прв голман“, рекол Ширер.

„Де Хеа е непрепознатлив. Тоа не е повеќе оној голман кој неколку пати ја добиваше клупската награда за најдобар играч во сезоната. Премногу често прави грешки. Де Хеа од минатите сезони, Де хеа со голема доза на самодоверба во себе, со леснотија би ги одбранил сите три гола на Челси. Да сум на местото на Солскјер ќе бев загрижен, поради несигурниот голман Јунајтед веќе загуби неколку натпревари“, рекол Невил.

Давид Де Хеа од 2011 година е играч на Манчестер Јунајтед, Неговиот трансфер од Атлетико Мадрид изнесуваше 20 милиони фунти. Досега бранел на преку 400 натпревари за „црвените ѓаволи“.

Минатиот септември тој потпиша нов договор со клубот до јуни 2023 година и стана вториот најплатен играч во клубот. Шпанскиот голман неделно заработува 415.000 евра.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.