Лидс и Лајпциг на суд поради играч кој одигра само 48 минути за „пауните“

Ниту Лидс ниту Лајпциг очигледно не го сакаат Жан Кевин Огустен во своите редови, па изгледа целата приказна поврзана со него ќе заврши на суд. Непознато е за кој тим треба Французинот да настапува идната сезона.

Лидс го позајмил Огустен од Лајпциг и платил позајмица од 4 милиони евра. Во договорот стоела откупна клаузула која се активира доколку Лидс влезе во Премиерлигата, а според него, „пауните“ на „биковите“ треба да им исплатат дополнителни 21 милион евра и со тоа фудбалерот да биде во нивниот тим.

Огустен сезонава одиграл само 48 минути за тимот каде што настапува македонскиот фудбалски репрезентативец, Езџан Алиоски, а во Лајпциг бил вратен на 30 јуни, пред Лидс да избори пласман во ПЛ.

Лајпциг сметаат дека англискиот тим мора да им ги исплати договорените пари. Нема отстапки, па ќе мора судот да реши.

Доколку пресуди во корист на бундеслигашот, Лидс ќе мора да одвои 21 милион евра за играч кој само трипати влегол во игра.

Лидс се вади на прекинот на сезоната поради пандемијата со коронавирусот, па оттаму тврдат дека играчот бил на позајмица само до 1 јули, а тогаш тие немале пласман во ПЛ.

Доколку тимот од „Иланд роуд“ го загуби спорот, тогаш несреќниот Французин ќе биде најскапоплатениот играч во историјата на клубот.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.