Бод за Јунајтед пред најважниот меч во сезоната

Манчестер Јунајтед одигра 1:1 со Вест Хем во претпоследното коло во Премиер лигата. Вест Хем го потврдија опстанокот во лигата, додека Јунајтед доколку сакаат да играат во Лигата на шампионите не смеат да загубат кај Лестер во последното коло.

Вест Хем го отворија резултатот во втората минута од судиското надополнување на времето во првиот дел. Микел Антонио од пенал го совлада Де Хеа. Напаѓачот на „чеканите“ постигнува најмалку еден гол на три натпревари во низа. Последен играч на Вест Хем кој забележал ваков учинок е Марко Арнаутовиќ во 2017 година.

Манчестер Јунајтед израмнија во раната фаза од второто полувреме. Мејсон Гринвуд ја заврши одличната акција која ја креираше заедно со Ентони Марсијал.

До крајот на мечот Јунајтед имаа една добра шанса, преку Одион Игало, додека фудбалерите на Вест Хем неколку пати опасно се заканија кон голот на Де Хеа со удари од далечина.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.