Несторовски: Жал ми е што не можевме да прославиме со навивачите

Фудбалерите на Удинезе ја одложија шампионската промоција на Јувентус. Синоќа „зебрите“ направија изненадување со триумфот на д најтрофејниот италијански тим.

Удинезе до големата победа, со која речиси го обезбеди опстанокот во лигата дојде со голот на Фофана во 92 минута, откако 40 минути претходно Илија Несторовски ја поништи предноста до која Јувентус дојде со голот на Де Лихт во финишот на првиот дел.

Голот што го постигна Несторовски беше трет за него оваа сезона, прв на домашен терен. Претходно тој погоди против Рома во Рим и Сампдорија во Џенова.

„Многу сум среќен што придонесов за оваа историска победа на Удинезе. Заслуживме да победиме, особено сум радостен што продонесов со гол. Жал ми е што не можевме оваа победа да ја прославиме со нашите навивачи“, порачал македонскиот репрезентативец.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.