Хенес: Алаба има пирана за агент, и мисли само на парите

Давид Алаба очигледно не сака да остане во Баерн Минхен и покрај понудата на тимот да му дадат 11 милиони евра годишна плата и достижни бонуси од 6 милиони евра, откако се „распаднаа“ преговорите со неговиот агент Пини Захави, кој бара најмалку 20 милиони евра за неговиот клиент.

Захави тврди дека 28-годишниот Алаба заслужува повисока плата од своите соиграчи Џером Боатенг (12 милиони евра годишно) и Лукас Ернандез (11 милиони евра годишно), бидејќи за него Баерн платиле само 150.000 евра при трансферот од Австрија Виена во 2008 година.

Ули Хенес, поранешниот претседател на Баерн вели дека клубот ги губи нервите со Алаба.

„Во основа, сè се врти околу парите. Тој веќе е во најдобриот клуб на светот, каде би сакал да оди? Има огромно влијание од надворешни фактори. Ние сакаме тој да остане бидејќи е одлично момче и добар фудбалер. Но, неговиот агент е пирана која граба пари, а неговиот татко е под негово влијание“, вели Хенес за „Спорт 1“.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.