Дани Алвеш се враќа во Европа

Бразилскиот ветеран Дани Алвеш наскоро би можел да се врати во Европа. Алвеш пред точно една година потпиша три годишен договор со Сао Паоло, меѓутоа работите за него во овој клуб повеќе не се идилични поради што изразил желба да се врати ан „стариот континент“.

Дани Алвеш како голема ѕвезда се врати во Бразил, во Сао Паоло ја доби „десетката“, а на дебито против Сеара го постигна голот за победа.

Меѓутоа по 38 одиграни натпревари и осум постигнати голови Алвеш решил да се врати во Европа. Десниот бек немал повеќе добри односи со клупските челници и навивачите.

Дани Алвеж во кариерата играл во Севиља, Барселона, Јувентус и ПСЖ.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.