Ерменците ја гарантираат безбедноста – Црвена звезда ќе гостува во Ереван

Арарат и Црвена звезда плејоф натпреварот за пласман во фазата по групи во Лига Европа ќе го одиграат во Ереван, одлучи УЕФА.

Местото на одигрување на овој натпревар беше доведено под знак прашалник поради воената состојба која е воведена во Ерменија.

УЕФА во вторникот само го потврди терминот на одигрувањето на натпреварот, 18 часот по локално време (16 часот по средно-европско време) во Ереван. Ерменските власти на УЕФА и гарантирале дека постојат безбедносни услови мечот да се игра во нивната земја.

Од местото на воените дејствија Ереван е оддалечен повеќе од 300 километри.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.