Пандевци против Вардар, лесна задача за Шкендија

Попладнево во просториите на Фудбалската федерација на Македонија беа извлечени осмина-финалните двојки во Купот на Македонија.

Од оваа фаза во оваа натпреварување се приклучија екипите на Академија Пандев, Струга, Шкендија и Брегалница.

Ждрепката во ФФМ донесе неколку интересни двојки. Академија Пандев ќе игра против Вардар, Брегалница против Беласица, Струга против Работнички. Во оваа фаза се игра само по еден натпревар.

Комплетни двојки:

А. Пандев – Вардар

Македонија ЃП – Каменица Саса

Шкендија – Гостивар

Шкупи – Кит Го

Кожуф – Силекс

Струга ТЛ – Работнички

Брегалница – Беласица

Ренова – Пелистер

Натпреварите се играат на 21.10.2020





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.