Раул Хименез итно бил опериран, имал фрактура на черепот

Напаѓачот на Вулверхемптон, Раул Хименез, синоќа, на натпреварот во Лондон, против Арснеал, по еден дуел со Давид Луиз, се здобил со фрактура на черепот. На почетокот на натпреварот, по пет минути игра, Луис и Хименез се удрија со главите, Мексиканецот веднаш беше хоспитализиран, додека Бразилецот го одигра првото полувреме, а потоа беше заменет.

Вулверхемптон, во понеделникот, објавија дека синоќа Хименез бил итно опериран и дека се чувствува добро.

„По операцијата која беше извршена во Лондон, Раул е стабилен, се чувствува добро. Ќе остане во болницата неколку дена, потоа ќе започне со рехабилитацијата. Клубот испраќа благодарност до лекарскиот тим на Арсенал и до лекарите и болничарите во болницата во Лондон, за брзата реакција и успешно извршената операција. Би ги замолиле навивачите и новинарите, да не ја нарушуваат приватноста на Раул и неговото семејство. Кога ќе има информации за неговата здравствена состојба, ние како клуб ќе ги објавиме“, се наведува во соопштението од Вулверхемптон.

Фудбалерите на Вулверхемптон, без Хименез, извојуваа победа над Арсенал од 2:1, со головите на Педро Нето и Поденс.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.