Митревски со трета најдобра одбрана на колото во Евро-квалификациите

Голманот на Порто, македонскиот ракометен репрезентативец Николче Митревски ја има една од петте најдобри одбрани ова коло, според изборот на ЕХФ.

Митревски беше еден од најзаслужните за големиот триумф на Македонија против светскиот шампион Данска во Скопје (33-29) во Евро-квалификациите, па изборот во Топ 5 претставува награда за одличната партија против Хансен и другарите.

Митревски на мечот во „Борис Трајковски“ собра 13 одбрани, а една од нив е трета најдобра во ова коло.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.