Ла Лига подготвува казни за Меси и екипата

Надлежните тела на шпанската Ла Лига, најавија ќе спроведат истрага, по повод забавата која во својот дом, за соиграчите ја организирал Лионел Меси.

Меси, на скара ги поканил сите соиграчи и нивните сопруги, за да го подигне моралот на екипата пред клучните дуели во борбата за шампионската титула. Забавата ја организирал во дворот, меѓутоа според шпанските закони, тој ги прекршил епидемиолошките мерки. Овие мерки важат до 8.мај.

Играчите на Барселона прекршиле неколку правила, слично како што тоа го направија играчите на Атлетико пред неколку дена, но тој случај е поинаков.

„Играчите на Атлетико ги известиле Ла Лига и клубот, каде ќе бидат, каква ќе биде забавата и колку лица ќе бидат присутни. Ги почитуваа сите прописи. За забавата на Меси, Ла Лига дозна од медиумите, што не е добри. Меси и неговите гости ќе бидат казнети“, изјавил неименуван функционер на Ла Лига за „АБЦ“.

Фудбалскиот Барселона, застана во одбрана на фудбалерите.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.