Алегри сака да ги врати Пјаниќ и Погба

Масимилијано Алегри има јасни желби околу потенцијалните засилувања. Ново-стариот тренер најпрвин сака да го засили редот за врска, а посакува еден напаѓач и голман. Не е тајна дека Алегри не сака да го има во тимот Кристијано Роналдо.

„Кориере дело Спорт“, пишува дека Алегри има намера да ги врати во клубот Миралем Пјаниќ и Пол Погба. Наводно, Јувентус стапиле во контакт со Бареселона во врска со Пјаниќ. Намерата на клубот е да го вратат Босанецот на позајмица, а потоа да го откупат неговиот договор.

Исто така, контактни биле воспоставени и со Манчестер јунајтед за Погба.

На барање на Алегри, Алваро Мората ќе остане уште една сезона во Јувентус. Новиот тренер на Јувентус сака покрај Шпанецот и Паоло Дибала, околу кого ќе ја гради играта, да донесе уште еден играч.

Интересни за Јувентус се Душан Влаховиќ од Фиорентина и Мауро Икарди од ПСЖ.

Ако може, Алегри ќе донесе засилување и на голманската позиција, иако тој е задоволен од Војчех Шчесни. Желбата на Алегри е Џиџи Донарума, кој наскоро ќе стане слободен играч.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.