Дончиќ ќе заработи богатство од новиот договор

Лука Дончиќ имал желба да потпише нов договор со својот тим, Далас Маверикс, објавија американските медиуми.

Словенецот, пред три години како прв пик на драфтот, се пресели во франшизата од Тексас.

Далас, пред два дена ја завршија сезоната, откако во седум натпревари доживеа елиминација од ЛА Клиперс. Одговарајќи на новинарско прашање, дали летово планира да потпише супер-макс договор, Дончиќ рекол.

„Мислам дека сите го знаете одговорот“.

Доколку по завршувањето на сезоната, Дончиќ биде избран во една од трите најдобри петорки во лигата, тогаш ќе може да потпише петгодишен договор, за 201,5 милиони долари.

Лука Дончиќ во серијата од седум натпревари против Клиперси имаше просек од 35,7 поени, 10,3 асистенции и 7,9 скока.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.