Суарез: Со Меси на теренот не сум пријател

Аргентина и Уругвај, во сабота од 2 часот по македонско време, ќе се сретнат во второто коло на Копа Америка. Ова ќе биде првиот натпревар за Уругвај на Копа Америка, додека Аргентина во првата рунда одигра 1:1 со Чиле.

Дуелот на традиционалните ривали, ќе го обележат големите пријатели Лионел Меси и Луис Суарез, кои минатата сезона беа соперници Ла Лига. Суарез на Атлетико им ја донесе шампионската титула во Ла Лига, додека Меси со Барселона заврши на третото место.

Не е тајна дека Суарез и Меси се големи пријатели, зад себе имаа неколку брилијантни сезони како соиграчи во Барселона.

„Пријателството ќе престане кога ќе почне натпреварот. ие 90 минути нема да бидам пријател со Меси. Исто е и кога Атлетико игра против Барселона. Сакам мојот тим да победи, се ќе направам тоа и да се случи. Откако ќе поминат тие 90 минути повторно се ќе биде по старо“, рекол Суарез.

Искусниот напаѓач смета дека Уругвај има свои шанси, иако потенцира дека Аргентина е фаворит.

„Имаат одличен тим. Особено во нападот. Многу се опасни. Но, како и секоја екипа имаат и свои лоши страни. Ние треба тоа да го искористиме и да се обидеме со победа да го отвориме првенството“, истакнал Суарез.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.