„Буфон, за нас беше и ќе останеш мал човек“

Џанлуиџи Буфон, по 20 години се врати во Парма. Не се сите навивачи на Парма среќни, што клубот го ангажираше легендарниот голман.

Најрадикалните навивачи на Парма, испратија порака до Буфон.

„Замина како платеник, не можеш да се вратиш како херој. Почитувај го дресот“.

Во соопштението кое го објавија дополнија.

„Пред 20 години вети дека никогаш нема да го носиш пос…..т дрес на Јувентус, а потоа три недели подоцна потпиша за нив. Сегаш се враќаш во единствениот клуб кој те направи победник во Европа. По се ова, сакаме да ти порачаме дека за нас си мал човек и дека тоа ќе останеш засекогаш“.

Навивачите на Парма, потсетуваат дека трофејот во Купот на УЕФА, во 1999 година со „млекарите“ е единствениот европски трофеј што го освоил Буфон во долгата кариера.

Во Јувентус се пресели во 2001 година за 52 милиони евра.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.