Саутгејт: Моја е одговорноста за лошата игра

Англија, еден од фаворитите за висок пласман на ЕУРО 2020, одигра бледо реми без голови, против Шкотска, во второто коло во Д-групата. Селекторот Герет Саутгејт, ја презеде вината за лошата игра и резултатот. Смета дека кога веќе одиграле лош натпревар, добро е што освоиле барем еден бод.

„Фрустрирачка вечер. Секоја чест за Шкотска. Но, во ситуација кога не победивме, добро е што останавме непоразени“, рекол Саутгејт.

Голем проблем за Англија е лошата форма на првиот напаѓач, Хари Кејн. Саутгејт го повлече од теренот во 74.минута. Кејн во првото полувреме имаше само десет допири со топката.

„Ни требаше некој кој ќе влегува зад нивните линии. Мислев дека Маркус Рашфорд може да ни ја даде таа енергија. Ни беше потребна победа, одговорноста е моја. Не одигравме добро за да победиме“, заклучил Саутгејт.

Англија, по првите две рунди во групата има четири бода, во последното коло, во вторник ќе игра против Чешка.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.